Достапни линкови

На Северен Кавказ нема стабилност


Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Томас Хамерберг изјави дека властите во рускиот кавказки регион мора да превземат порешителни мерки против корупцијата и кршењето на човековите права. Во најновиот извештај тој оценува дека не е постигната стабилност во Северен Кавказ. Хамерберг, кој беше во мисија за утврдување на фактите во Чеченија и Ингушетија, изјави дека таму се зголемени активностите на илегалните вооружени групи и нема истраги за изчезнувањата и убиствата.
XS
SM
MD
LG