Достапни линкови

Србија нема да го признае договорот за границата меѓу Македонија и Косово


Србија никогаш нема да го признае договорот за демаркација на границата кој го потпишаа Македонија и Косово, изјави синоќа српскиот претседател Борис Тадиќ, додавајќи дека прашањето за зачувување на интегритетот на земјата директно е поврзано со демаркацијата на границата. Тадиќ истакна дека неодамна со македонскиот претседател Ѓорге Иванов имал „многу сериозен разговор на оваа тема“.
Тадиќ објасни дека и за Македонија во иднина е многу важна одлуката на Меѓународниот суд за правда за едностраното прогласување на независноста на Косово, која се очекува во следните месеци.
XS
SM
MD
LG