Достапни линкови

logo-print

Медведев и Алиев за спорот меѓу Азербејџан и Ерменија


Рускиот Претседател Дмитриј Mедведев денеска треба да се сретне со азербејџанскиот лидер Илхам Алиев во рускиот град Улјановск. Предвидено е тие да разговараат за теми од сферата на енергетиката а меѓу другото ќе стане збор и за деценискиот спор меѓу Азербејџан и Ерменија. Русија е членка на таканаречената Минск група која посредува во територијалниот спор меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG