Достапни линкови

Во Турција досега од свински грип починале 112 луѓе


Во Турција од новиот тип на грип Х1Н1 починале уште 19 луѓе и со нив бројот на починати од свински грип се искачи на 112, соопштиле од турското Министерство за здравство. Бројот на починати во Турција од новиот грип брзо нарасна во последните две недели. Првиот смртен случај беше регистриран на 24 октомври. Во Турција вакцинацијата започна на 2 ноември.


XS
SM
MD
LG