Достапни линкови

Американскиот врв вечерва ќе дискутира за Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама ги повикал неговите блиски советници доцна вечерва да дискутираат за Авганистан, соопштуваат од Белата Куќа. Според соопштението Обама ќе се сретне со вицепретседателот Џо Бајден, со државниот секретар Хилари Клинтон , со секретарот за одбрана Роберт Гејтс и со други претставници. Обама изминатите два месеци ја разгледуваше стратегијата за Авганистан. Се очекува одлуката за испраќање дополнителни трупи во Авганистан да биде донесена наредните две недели.
XS
SM
MD
LG