Достапни линкови

Бранителите нема да ги враќаат парите на државата


Бранителите нема да ги враќаат парите на државата. Државата ќе ги повлече сите тужби кои се во тек против воените инвалиди и семејства на загинати во конфликтот во 2001 година, најавила министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Одлуката доаѓа откако здружението „Досотинство “ вчера објави дека Врховниот суд пресудил дека еден воен инвалид не треба да ги враќа парите. Одлуката нема да важи ретроактивно. Тие што досега вратиле дел од парите, ратите нема да ги добијат назад.
XS
SM
MD
LG