Достапни линкови

И Германија го критикува Израел за еврејските населби


Германија упатила остри критики кон плановите на Израел да ги прошири населбите на Западниот Брег. Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Урли Вилхелм, соопштил дека изградбата на населби во Источен Ерусалим е голем камен на сопнување кон значителен напредок во блискоисточниот мировен процес.Германија традиционално е помека во критиките кон Израел од останатите држави поради мрачното наследство на Холокаустот. Следната седмица во Берлин, Меркел ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и едно од прашањата ќе бидат и еврејските населби.
XS
SM
MD
LG