Достапни линкови

Ирачкиот парламент го изгласа Законот за избори


Ирачкиот парламент денеска ја изгласа изменетата верзија на Законот за избори кој е потребен за да се одржат изборите закажани за јануари. Законот сега треба да оди на потпис кај претседателот. Но пратениците блиски до заменик претседателот Тариг ал-Хашими, велат дека тој може да му стави вето по втор пат. Тој претходно му стави вето на законот затоа што бараше во парламентот да се обезбедат повеќе места за ирачаните кои се иселиле од земјата, повеќето од нив сунитски Арапи, како него. Парламентот може да го надмине и второто вето ако три петини од 271 пратеник гласаат „за„.

XS
SM
MD
LG