Достапни линкови

Авганистан доби пари од САД за справување со дрога


Соединетите држави денеска се согласија да им доделат близу 40 милиони долари на авганистанските провинции за да се намали или да се елиминира производството на опиум. Договорот е потпишан денеска во Кабул и предвидува на 27 провинции да им се доделат парите со кој ќе се финансира развој на други култури. Авганистан е најголем светски снабдувач со опиум. Намалувањето на производството на дрога е клучна компонента од напорите на западните сили за стабилизација на Авганистан, но Обединетите нации предупредуваат дека намалувањето на производството може да допринесе до илегално складирање на дрогата.

XS
SM
MD
LG