Достапни линкови

ОН веруваат дека ќе се постигне Договор за клима во Копенхаген


Претставникот на ОН задолжен за клима, Иво де Бер изјавил дека на Самитот во Копенхаген може да се постигне „многу прецизен“ договор за климатските промени. Де Бер се наоѓа во Брисел на состанок на министрите за екологија на ЕУ, последниот таков состанок пред почетокот на конферацијата во Копенхаген кој треба да започне на 7 декември. Де Бер изјавил дека сега само се чека на Соединетите држави да се види што тие ќе направат во врска со договорот, бидејќи веќе Бразил, Јужна Кореја , Русија и Јапонија ветија дека ќе го намалат емитувањето на штетни гасови.
XS
SM
MD
LG