Достапни линкови

Романците сакаат едно домен Парламент


Романскиот претседател Трајан Басеску и поранешниот министер за надворешни работи, Мирчеа Џоана ќе се натпреваруваат во вториот изборен круг за претседател на Романија. Од досега обработените 86 проценти од гласовите Басеску од Демократско-Либералната партија освоил 33 проценти од гласовите, а Џоана од Социјал- Демократската партија осовил 30 проценти.Романците вчера гласаа и на референдум за тоа да се редуцира бројот на пратеници во Парламентот и наместо два дома да има еден дом. Басеску кој повика на референдум, сака едно домен парламент со најмногу 300 пратеници. Сега во романија има 471 пратеник. Според резултатите над 75 проценти од гласачите се изјасниле за промени во Парламентот
XS
SM
MD
LG