Достапни линкови

Унгарија предупредува: Дедо Мраз можеби има грип


Унгарските здравствени власти предупредуваат дека постои висок ризик Дедо Мраз да биде заразен со свински грип. Па затоа здравствените работници порачуваат децата да не го бакнуваат и да не се ракуваат со Дедо Мараз, за време на Божиќната сезона. Според здравствените власти во Унгарија за само една недела биле регистрирани над 20.000 заразени со грип. Според традицијата Дедо Мраз на 6 декември ги посетува децата во Унгарија.


XS
SM
MD
LG