Достапни линкови

Буџетот за 2010 близу 2,5 милијарди евра


Министерот за финансии Зоран Ставревски

Министерот за финансии Зоран Ставревски

Догодинешниот буџет е „потежок“ од овогодинешниот и дополнително ќе ги оптерети граѓаните и приватниот сектор, сметаат од опозицијата. Од друга страна, министерот за финансии Зоран Ставрески Неодамна псоочи дека догодина ќе се оствари економски раст од 2 проценти а при трошењето на парите од народната каса приоритет ќе им се даде на проектите од образованието и науката,
Со предлог буџетот за 2010 година ќе се постигнат целите на Владата на Република Македонија.
здравството, инфраструктурата и економскиот развој, како и социјалата и земјоделството. Од владеачката коалиција, велат дека Буџетот за 2010 година ќе ги исполни очекувањата. Тахир Хани од ДУИ вели дека буџетот за 2010 е реален

„Со предлог буџетот за 2010 година ќе се постигнат целите на Владата на Република Македонија. “

Хани додава дека догодина со инвестиции од народната каса ќе се остварат и развојните проекти

„Ние очекуваме дека 2010 година ќе биде подобра во насока на реализирање на буџетот.“

Пратеникот од опозициската СДСМ Марјанчо Николов вели дека догодина ќе има поголем притисок врз даночните обврзници
Буџетот за 2010 година којшто е во собраниска процедура може да кажеме дека е пред се повисоко проектиран во однос на лани, што значи дека Владата повторно проектира да потроши повеќе пари, а со тоа и да извлече повеќе пари од граѓаните и стопанството.


„Буџетот за 2010 година којшто е во собраниска процедура може да кажеме дека е пред се повисоко проектиран во однос на лани, што значи дека Владата повторно проектира да потроши повеќе пари, а со тоа и да извлече повеќе пари од граѓаните и стопанството.“

Николов додава дека во догодинешниот буџет спорни се и развојните проекти

„Владата веќе откако е на власт од 2006 година, упорно ги рекламира, но никако не може да ги реализира.“

Според Слободан Најдовски од Либерално демократската партија, догодина на удар ќе бидат малите и средни претпријатија

„Следната година очекувам дека на удар уште повеќе ќе бидат малите и средните претпријатија и дека не очекува една лоша година. Владата не ги послуша укажувањата на експертите и стопанството, дека треба да направи вистинско намалување на давачките на претпријатијата, наспроти декларираните намалувања на одредени даноци.“

Невработеноста може да се намали, но тоа ќе биде резултат на шенгенските олеснувања, додава Најдовски

„Владата веројатно очекува дека ќе ја намали невработеноста со тоа што ќе има либерализација на визниот режим, очекува голем број наши луѓе да заминат во странство, па ќе ни се фали со тоа.“

Инаку догодина владата планира да потроши близу 2,5 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG