Достапни линкови

Во петок средба Груевски – Папандреу


Груевски и Папандреу на средбата во Брисел
Груевски и Папандреу на средбата во Брисел

Македонската влада за Радио Слободна Европа потврди дека во петок на грчката територија во Преспа ке биде одржана билатерална средба на премиерите на Македонија и Грција Никола Груевски и Јоргос Папандреу. Разговорите посветени на престојниот самит на ЕУ на 7 декември на кој Македонија се надева на добивање датум за преговори со Унијата

Во рамките на регионалната средба за климатските промени која е закажана за в петок во Преспа на грчка територија ќе биде одржана прва трилатерална средба на премиерите од Македонија, Грција и Албанија.
Веднаш по таа средба, како што ни потврдија извори во Македонската влада, се планираат директни разговори меѓу грчкиот и македонскиот премиер Папандреу и Груевски.
Оваа билатерлна средбата ке била одржана на иницијатива на македонската страна.
На средбата, како што велат во владата во Скопје, се очекува да се разговара за Министерскиот совет на ЕУ на 7-ми декември во Брисел на кој Македонија очекува да добие датум за преговори со Унијата

Пратеникот Андреј Жерновски од опозициската ЛДП вели дека иако задоцнето, сепак е добро да има таква средба. Потребни се конкретни и директни преговори, зашто стана јасно дека досегашните преговори преку посредници немаат ефект, вели тој.

„Тоа што нас ни пречи, и на целата македонска јавност, што Груевски повторно, како и пред Букурешт заминува на преговори без никакви консултации и без да знаеме кој е ставот на македонската страна.“
Не ги разбирам политичарите од опозицијата овде, што поставуваат ваков услов, само на тој начин му обезбедуваат алиби на господин Груевски

Од друга страна пратеникот Стојан Андов од опозициската Либерална партија вели дека средба меѓу Груевски и Папандреу мора да се одржи.

„Не ги разбирам политичарите од опозицијата овде, што поставуваат ваков услов, само на тој начин му обезбедуваат алиби на господин Груевски пред меѓународната заедница, дека ете опозицијата не дозволува тој да оди и да преговара. Тоа е бесмислено барање.“

Андов вели дека нема потреба за претходни консултации со опозицијата.
Ако мислат некои луѓе дека овде треба со зурли и тапани да ги огласуваме ставовите пред разговорите, таа работа не оди и тоа е многу опасно и штетно сега

„Премиерот со мнозинството што го има и со знаењето за ставовите на опозицијата слободно може и треба да оди на разговори со Папандреу и да настојува да постигне начелен договор кој ќе овозможи во декември да се избегне повторување на уште еден Букурешт.“

Тој додава дека и ставовите на владата не треба јавно да се соопштат.

„Ако мислат некои луѓе дека овде треба со зурли и тапани да ги огласуваме ставовите пред разговорите, таа работа не оди и тоа е многу опасно и штетно сега.“

Пред неколку дена шведскиот шеф на дипломатијата Карл Билт, чија земја е претседавач со Европската унија, ги повика Папандреу и Груевски да седнат на иста маса, укажувајќи дека „тоа е најсигурен пат за решавање на спорот со името“. Претседателот Ѓорге Иванов деновиве потврди дека има најави за иницијативи за директни преговори, но дека тие би се оствариле „кога ќе дојде време“.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG