Достапни линкови

logo-print

Aхмадинеџат пристигна во Бразил


Иранскиот Претседател Махмуд Ахмадинеџат пристигна во Бразил што е прва посета на ирански претседател на оваа латино американска држава. Ахмадоинеџат ке се состане со Претседателот Луис Инацио да Силва кој треба да го посети Иран во 2010. Се најавува потпишување билатерални трговски договори, посета на бразилскиот Конгрес и говор на Ахмадинеџат на Универзитетот во Бразилија. Вчера околу илјада лица протестираа против посетата на Ахмадинеџат, кој не го признава Холокаусот и кој бара уништување на Израел. Ахмадинеџат ке ги посети и Боливија и Венецуела.
XS
SM
MD
LG