Достапни линкови

Карзаи ќе ги покани милитантите на состанок на Големиот совет?


Портпаролот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, Хамид Елми соопштува дека е можно Карзаи да ги покани милитантите да учествуваат на состанокот на Големиот совет, со надеж дека може да се постигне примирје со Талибанците. За агенцијата Ројтерс, Елми изјави дека се разгледуваат две сценарија. Според едното, милитантите нема да бидат поканети на состанокот, но ќе се разговара за помирување со нив, а според другото, некои милитанти ќе бидат поканети на состанокот. Карзаи планира да го одржи советот пред парламентарните избори во јуни.
XS
SM
MD
LG