Достапни линкови

Опозицијата во Албанија најавува проширување на протестите


Албанската опозиција се заканила денеска дека ќе организира протести низ целата држава ако Владата на Сали Бериша во рок од 10 дена не организира повторно пребројување на гласовите од парламентарните избори одржани на 28 јуни. Лидерот на опозиционата Социјалистичка партија, Еди Рама, изјавил дека Бериша има само 10 дена да одлучи што ќе прави, а потоа народот ќе го натера да си оди. Бериша денеска изјавил дека одговорот на владата е јасен-нема да има нови пребројувања на гласовите, бидејќи резултатите од изборите
се потврдени.
XS
SM
MD
LG