Достапни линкови

Средба на претседателите на Азербејџан и Ерменија за Нагорно -Карабах


Претседателите на Азербејџан и на Ерменија Илхам Алиев и Серж Саркасиан се состанале денеска во резиденцијата на францускиот конзул во Минхен, јавува Интерфакс. На средбата присуствувале и министрите за надворешни работи на двете земји, како и претставници од Русија, Франција и САД. Двете страни размениле мислење за моменталната состојба и за преговорите за решавање на ерменско-азербејџанскиот конфликт околу Нагорно Карабах. Денешниот состанок , беше шести по ред оваа година.

XS
SM
MD
LG