Достапни линкови

logo-print

Иранскиот поранешен потпретседател ослободен со кауција


Поранешниот ирански потпретседател Мохамед Али-Абтахи кој беше осуден на шест години затворска казна за вмешаност во пост-изборни немири во јуни, е ослободен со кауција додека трае жалбената постапка, јавува агенцијата ИРНА. Новинската агенција ИСНА пак пренесува дека кауцијата изнесувала 700 илјади долари. Абтахи беше заменик претседател на Мохамет Катами од 1997 до 2005-та, а беше советник и на умерениот претседателски кандидат на изборите во јуни, Мехди Кароби . Ахтаби беше уапсен по пост-изборните немири и обвинет за заговор за соборување на исламската влада.

XS
SM
MD
LG