Достапни линкови

Наскоро мир меѓу Владата на Судан и бунтовниците


Катар, кој е домаќин на разговорите меѓу Владата на Судан и бунтовниците од нејзиниот западен регион Дарфур, изрази надеж дека наскоро може да биде постигнат мировниот договор. Државен министер за надворешни работи Ахмед бин Абдула ал-Махмуд, за новинската агенција во Катар, изјавил дека тие се оптимисти за идината и дека е можен мир во земјата. Катар ја презеде водечката улога во преговорите, заедно со Африканската унија и со Обединетите нации.Според податоците на ОН над 300 илјади луѓе биле убиени, а околу 2 милиони раселени во борбите во Дарфур од 2003 година до сега.

XS
SM
MD
LG