Достапни линкови

65 лидери го потврдиле своето учество на Самитот за клима


Своето учество на самитот за клима што треба да се одржи во Копенхаген го потврдиле 65 светски лидери, соопштил еден неименуван дански политичар. Самитот во организација на ОН, треба да се одржи од 7 до 18 декември во Данска. Помеѓу тие што веќе го потврдиле свето присуство се шефовите на држави или на влади на Австралија, Бразил, Франција, Германија, Индонезија, Јапонија, Шпанија, и Велика Британија. Данска минатата недела испрати и формални покани до сите 191 земји членки на ОН. Се очекува на Конференцијата да биде усвоен нов Договор за намалување на глобалното затоплување.
XS
SM
MD
LG