Достапни линкови

Шимон Перез на средба со Хосни Мурабак во Египет


Израелскиот претседател Шимон Перез денеска е во посета на Каиро на средба со својот колега Хосни Мубарак. Престојот на Перез во Египет ќе трае само неколку часа и доаѓа само на еден ден откако Мубарак во парламентот ја нападна еврејската држава и изјави дека Изрел ја уништува можноста за мир. Од канцеларијата на Перез соопштиле дека двајцата лидери ќе дискутираат за регионалниот мировен процес и за билатералните односи. Патувањето на Перез било испланирано пред говорото на Мубарак.

XS
SM
MD
LG