Достапни линкови

Иџет Мемети, народен правобранител


Иџет Мемети
Иџет Мемети

Ако се погледнат и споредат бројките до сега нема паднато ниту една одлука по основа на дискриминација. За жал таа е состојбата и тие бројки не ја покажуваат реалната слика во Македонија, затоа што ако бројките се нула, тоа незначи дека во Македонија нема дискриминација

Г-дине Мемети посебно актуелни се забелешките во извештајот на Европската Комисија кои се однесуваат на човековите права и слободи, како ја проценувате состојбата со човековите права во Македонија?

Секако дека има по однос на разни области како што ги третира и извештајот има и доста слабости и со тоа се става до знаење, а тоа го констатираат и извештаите на Народниот правобранител во последните години. Земете го извештајот од 2008 или сега од 2009 година, нашите извештаи во делот на човековите слободи и права како во голема мера да се совпаѓаат, како да се исти состојбите. Република Македонија не само на објективен начин, на создавање на услови за спроведување на законите, доста ефикасно и квалитетно има потреба да работи на тоа поле, туку во Македонија во системот има проблеми и слабости и во формалниот дел, значи во законската регулатива. Јас во оваа прилика би спомнал само еден сегмент. Видете, три години наназад во извештајот на Европската Комисија се спомнува потребата од донесување на посебен закон за заштита од дискриминација, извештаите на Народниот правобранител веќе пет години наназад истото го бараат. Ова го споменав само за да се споредат одредени нешта.

Idjet Memeti
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:10:31 0:00


Го споменавте законот за антидискриминација. По оној марш што се оддржа во Скопје неделава, повторно се проблематизираше тоа прашање. Зошто според вас се проблематизира донесувањето на еден таков закон?

Ако го гледаме правниот систем во Македонија, неговата поставеност, почнувајќи од Уставот и сите други закони, забраната за дискриминација е Уставно начело, од друга страна во законот за Народен правобранител има одредба која е преземена од Уставот дека НП ги штити граѓаните, го штити тој принцип, ги штити граѓаните од дискриминација. Но, ако се погледнат и споредат бројките досега нема паднато ниту една одлука по тој основ, дека е прекршено тоа правило, дека одреден граѓанин е дискриминиран, а од друга страна и во Судството за жал таа е состојбата и тие бројки не ја покажуваат реалната слика во Македонија, затоа што ако бројките се нула, тоа незначи дека во Македонија нема дискриминација, напротив ја има истата и може да се најде скоро секаде, без разлика дали во институциите на општеството, дали во приватниот сектор итн. Само НП има успеано во неколку случаеви, и покрај тоа што граѓаните често јавуваат за дискриминација кај Народниот Правобранител, но кога ние бараме од нив, бидејќи само со нивна согласност може да водиме постапка, дали да го водиме тој процес или таа постапка, нивната преставка по основ на дискриминација, по кој основ тој смета дека била, национална, расна итн. тие на крајот сепак се повлекуваат. Нема доволно храброст до крај да истраат и да бараат од нас во тој аспект да ги заштитиме, го менуваат своето мислење и бараат да ги штитиме не по тој основ, туку по работен основ и покрај тоа што позадината е всушност дискриминација.

Кога сме веќе кај законите во последно време јавноста ја разбранува и законот за градба, посебно онаа одредба за конфискација на имот. Дали сте добиле некои поплаки до сега од граѓани или институции дека со овој закон се врши повторна национализација?

Видете, ние ги следиме состојбите по однос на донесувањето на пропосите и покрај тоа што морам да признаам дека во мал дел сме вклучени како институција при донесувањето на законите во општеството, не вклучуваат овластените предлагачи, тогаш кога сметаат дека одреден закон засегнува човекови права, но ако пошироко се толкува ова прашање, сите закони ги допираат човековите права. За конкретниот закон, ние ја следиме ситуацијата во јавноста каде што имаше одредени реакции во однос на одредбата за конфискација, со мислење дека се работи за национализација која е недопустлива итн, но ние како институција сеуште немаме примено одредена преставка од одреден граѓанин дека му се случило истото, или пак преставка со која граѓанинот би побарал од нас да заземе став по истата или да ја нападнеме пред Уставен суд или пак да покренеме одредена иницијатива до овластените предлагачи за да ја сменат, односно да ја доуредат таа одредба. Со ова сакам да кажам дека сеуште немаме пракса која би ни била доволна мера за да земеме став, за да покренеме одредена иницијатива или пак да изнесеме одреден наш став кој што би ефектуирал на крајот на краиштата таа слабост во законот да се тргне.

Да се навратиме на правичната застапеност. Ако не грешам вие сте единствената институција која го надгледува имплементирањето на Рамковниот договор кој предвидува правична застапеност на заедниците при вработувањето, посебно во јавната администрација. Како го оценувате тој процес и дополнително дали може да се спроведе тој процес без дополнително да се оптовари државната администрација со вработувања?

Се сложувам со вас дека спроведувањето до крај на овој принцип и тоа квалитетно спроведување, навистина е комплексно прашање. Значи за тој принцип да се имплементира целосно во општеството, постојат одредени формални слабости во нашиот систем. Но, системот каков што е и тој треба да функционира, но нашите извештаи покажуваат дека овој процес се развива, односно се имплементира, но констатираме дека тоа се одвива со забавени чекори. Тој принцип не треба да се свати дека се работи само за државната администрација, мислам дека тоа е погрешно сваќање, затоа што ако тргнуваме од коренот, зошто е поставен тој принцип во Рамковниот Договор и зошто тој принцип стана Уставно начело мотивот бил сосема нешто друго, клучниот мотив бил да сите граѓани во ова општество се чувствуваат рамноправни и сите граѓани во ова општество, институциите, но тука спаѓаат и другите јавни институции кои што имаат јавни овластувања да ги чувствуваат како свои.

И на крајот една општа проценка. Дали сметате дека граѓаните се доволно информирани за работата на Народниот Правобранител и можностите кои што ги нуди институцијата?

За жал институцијата Народен Правобранител по однос на промоцијата се соочува со големи проблеми. Најголем проблем е финансискиот проблем, затоа што да се промовира одредена институција или одредено тело кое е многу битно за општеството и треба да им помогне на граѓаните, секако дека за тоа треба финансиски средства. Институцијата Народен Правобанител како што изминуваат годините, се повеќе граѓаните се информирани за нејзе.
XS
SM
MD
LG