Достапни линкови

Авганистан ќе го зголемува бројот на безбедносните сили


Авганистан денеска обелодени план за зголемување на полициските и воените сили на 400 илјади, што е двојно повеќе од претходно.Министерот за одбрана Абдул Рахим Вардак, зборувајќи на церемонијата на отворање на нов штаб на НАТО во КАбул, изјавил дека Владата има намера да го зголеми бројот на војници на 240 илјади . А, министерот за внатрешни работи изјавил дека полицијата ќе брои 160 илјади полицајци. Министрите притоа не кажале до кога треба да ги остварат овие планови.
XS
SM
MD
LG