Достапни линкови

logo-print

На Владата во Авганистан и се потребни НАТО силите


Авганистанската влада ќе пропадне ако НАТО силите ја напуштат земјата, изјавил британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Милибанд во интервју за весникот Гардијан. Милибанд кој пред 2 дена присуствуваше на инагурацијата на Хамид Карзаи за претседател на Авганистан, изјавил дека коалиционите сили пополека ќе ја напуштаат земјата. Карзаи изјавил дека очекува за пет години авганистанските сили да бидат подготвени сами да се грижат за безбедноста во земјата. Милибанд изјавил дека тие ќе останат во Авганистан се додека е потребно.

XS
SM
MD
LG