Достапни линкови

Медведев со критика до регионалните власти


Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска ги критикувал регионалните функционери на владејачката партија за неуспехот да обезбедат целосно демократски локални избори што се одржаа во минатиот месец. Тој на партискиот конгрес на Обединета Русија во Санкт Петерсбург изјави дека изборите треба да бидат израз на волјата на луѓето. Обединета Русија, предводена од премиерот Владимир Путин катастрофално ги порази опозициските партии кои пак, оценија дека изборите биле спроведени со голем број неправилности.
XS
SM
MD
LG