Достапни линкови

Светските сили разочарани од Иран


Шестте светски сили изразија разочараност поради тоа што Иран не го прифати планот на Обединетите нации чија цел е ставање крај на загриженоста на Западот во врска со иранската нуклеарна програма. Ова се наведува во заедничката изјава на официјални претставници на Британија, Франција, САД, Германија, Русија и Кина кои вчера се состанаа во Брисел. Претходно, американскиот претседател Барак Обама предупреди дека во наредниве недели се можни нови санкции против Иран. Шефот на Агенцијата за атомска енергија Мохамед ел Барадеи побара од Иран да го прифати планот и до крајот на годинава да почне да испраќа збогатен ураниум во странство за натамошна обработка.
XS
SM
MD
LG