Достапни линкови

Албанските опозициони социјалисти на протест


Десетици илјади приврзаници на опозицијата излегоа на улиците на албанскиот главен град Тирана, барајќи пребројување на гласовите или повторување на парламентарните избори. Социјалистите ги обвинуваат премиерот Сали Бериша и неговата Демократска партија за местење на изборите што се одржаа на 28 јуни годинава кога социјалистите претрпеа пораз. Според социјалистите, изборните комисии неоправдано прогласиле за неважечки извесен број гласови кои ќе им донесле изборна победа.
XS
SM
MD
LG