Достапни линкови

Рускиот патријарх за убиството на Сисоев


Поглаварот на Руската Православна црква, патријархот Кирил изјави дека треба да се биде претпазлив во обвинувањата за убиството на рускиот свештеник Данил Сисоев. Тој во четвртокот бил убиен во неговата црква во Москва од едно маскирано лице. Притоа бил ранет и неговиот помошник. Сисоев беше познат како критичар на исламот и веќе добивал смрттни закани поради тоа што муслимани конвертирал во христијани. Во Русија живеаат 20 милиони муслимани.
XS
SM
MD
LG