Достапни линкови

Македонците лидери во обложување


Спортско обложување

Спортско обложување

Според едно истражување на интернет пребарувачот ,,Гугл" Македонците се светски прваци во спортско обложување. Стручната јавност објаснува дека обложувањето е најголемо во земји со висока невработеност, каде луѓето се надеваат дека преку обложување ќе се ,,збогатат".

За дваесет денари уплата до триста илјади денари добивка. Ова го нудат спортските обложувалници низ земјава за сите оние кои сакаат на брз и лесен начин да заработат некој денар. Од фубал, кошарка, ракомет, па се до формула, хокеј, тенис во билтените има избор на натпревари од најразлични спортови. Се нудат и разни видови на игра да погодите како ќе заврши некој натпревар, колку голови ќе паднат, како ќе заврши првото или второто полувреме. Секој може да ја испроба својата среќа и доколку таа го послужи парите ќе ги
Спортско обложување
добие наредниот ден. Според едно истражување на интернет пребарувачот Гугл Македонците се светски прваци во спортско
Поради забава се кладам, некој пат и да заработам некој денар
обложување. Според сајтот зад нас се Англија, Ирска, Мајнмар, Маврициус, Австралија, Костарика и Јужна Африка, а од балканските земји Босна и Херцеговина и Хрватска. Додека пак според анализата на американскиот весник Форбс која ја сповел минатата година во ноември, четириесет проценти од населението во земјава ја практикува оваа игра на среќа. Граѓаните кои често ги посетуваат обложувалниците велат уплаќањето на тикети им претставува забава, но и начин како да дојдат до заработат.

,,Поради забава се кладам, некој пат и да заработам некој денар."

,,Главно за занимација, но и да добијам нешто."
Главно за занимација, но и да добијам нешто

,,Се обложувам редовно, и се обложувам заради забава."

,,Се разбира дека постои надежта дека ќе се добие нешто."

Обложувањето најчесто е најактуелно во оние земји каде луѓето немаат редовна работа и има голема стапка на невработеност, па така граѓаните преку игрите на среќа се надеваат дека ќе дојдат полесно и побрзо до заработувачка, вели професорот по социологија Илија Ацевски.

,,Особено во оние системи, држави или општества, каде што најголем дел од луѓето немаат надеж дека реално ќе го живеат тој живот во смисла на редовна работа, редовна заработувачка итн. Тоа значи дека тој психолошки момент доаѓа во преден план, тоа значи дека располагам со оној момент кој што го очекувам, се надевам дека ќе излезам од таа ситуација во која што се наоѓам."

Секаде постојат игри на среќа и нашата држава не може да биде исклучок. Но луѓето повеќе се склони кон верувањето дека на еден ваков начин ќе добијат пари, кога економската ситуација во земјата е на лошо ниво и животниот стандард е низок, вели економистот
Луѓето се надеваат дека најмногу ќе заработат тогаш кога лошо живеат. Тоа е сериозен индикатор за тоа дека животниот стандард е лош, дека нема баш просперитетни стандарди за некака заработка на легален, на нормален пристап што луѓето можат да го направат
Христо Карталов.

,,Луѓето се надеваат дека најмногу ќе заработат тогаш кога лошо живеат. Тоа е сериозен индикатор за тоа дека животниот стандард е лош, дека нема баш просперитетни стандарди за некака заработка на легален, на нормален пристап што луѓето можат да го направат."

Спортско обложување
Центарот за истражување и креирање политики пред неколку години направил анализа за обложувањето во Македонија. Најголем дел од луѓето кои се бават со оваа дејност се младите, но не заостануваат и постарите и тие најчесто се со загрозен социјален економски статус, вели Ристе Змејковски од Центарот.

,,Од луѓето кои што се обложуваат дури 71,5% го прават тоа заради економски причини, односно заради недостаток од финансиски средства кои што се предизвикани или од долгата транзиција итн."

Во најголем дел од случаите обложувањето од игра и хоби за забава луѓето го претвораат во главна преокупација, односно еден начин преку кој ќе заработат за живот. При тоа тие преку обложувањето се обидуваат да заборават на проблемите кои секојдневно ги мачат, вели Ацевски.

,,Тоа не е повеќе игра, тоа не е повеќе забава, тоа не е повеќе време кое што треба да не отргне од секојдневниот живот на таков начин, туку тоа е време кое што нам практично ни служи, односно на оној кој што се обложува му служи да ги истисне оние проблеми со кои се соочува и кои што најчесто имаат егзистенцијална природа. За мене тоа е фундаментална разлика меѓу обложувањето како забава и како една сериозна дејност."

Во Македонија има над 770 спортски обложувалници. Според законот за некој да отвори обложувалница најпрвин треба да добие лиценца од Министерството за финансии. Досега тие издале триесетина лиценци, а законот дозволува за секоја лиценца да се отворат 24 уплатни места. Лиценцата чини 100 илјади евра, а сопственикот пред да го започне бизнисот на сметка мора да депонира во банка гаранција од 300 илјади евра, односно почетен капитал од 200 илјади евра. Во нашата обложувалница доаѓаат и млади и стари луѓе, кои
Најчесто доаѓаат лица од 18 до 60 години. Најчесто се обложуваат на фудбал, некои се обложуваат и на хокеј, тенис, но поретко
сакаат да си ја испробаат својата среќа. Најмногу типуваат на фудбалски натпревари, но се обложуваат и на другите спортови, вели една вработена во спортска обложувалница.

,,Најчесто доаѓаат лица од 18 до 60 години. Најчесто се обложуваат на фудбал, некои се обложуваат и на хокеј, тенис, но поретко."

И обложувачите велат дека најчесто типуваат на фудбал, затоа што има многу лиги и најмногу натпревари во текот на неделата.

,,Најчесто на спортска, во фудбал, за повеќе голови во прво полувреме да ,,паднат", тоа е најсигурно."

,,На фудбалски утакмици, затоа што има најмногу и затоа што најмногу го разбирам фудбалот."

,,Најчесто на англиските лиги, на германската, на оние поатрактивните лиги."

Најмалку на тикет можат да стават четири натпревари, а најмногу шеснаесет, но можат да уплатат и само еден натпревар. Најчесто се обложуваат на дваесет денари, но има и такви кои ставаат по неколку илјади денари, велат од обложувалницата. Најмногу работа тие имаат за викендите.

,,Најчестата уплата е од 20 денари, која е минимална уплата, а има и уплати од по 5 до 6 илјади денари. Најмногу уплаќаат за викенд бидејќи тогаш има најмногу утакмици. Некој уплаќа по едно ливче, некој по пет, некој по дваесет, зависи."

Обложувачите велат секој става онолку пари колку што е во можност да потроши за една игра на среќа.
Самиот начин на кој што функционира овој порок да го наречам, односно ова кладење е во илузијата дека може да се оствари некоја добивка


,,Со ситни пари, 100 денари, 200 денари. Не сум некој коцкар со големи пари да играм."

Спортско обложување
,,Па се кладам понекогаш по 500 денари, некогаш по 1000 денари."

,,Се обложувам за мали пари, но се обложувам редовно, скоро секоја недела."

Додека пак од обложувалниците велат дека најмногу добивки има кога натпреварите ќе завршат со победа на фаворитот, односно онака како што се очекува.

,,Зависи, значи најчесто кога утакмиците ќе излезат како што се очекувало има и добивки, а кога нема да излезат реално, луѓето губат."

Играчите велат дека досега се случило неколку пати да добијат пари. Но, во последно време обложувањето не се исплати, бидејќи претежно тие се оние кои губат.

,,Два-три пати имам добиено по две до три илјади денари."

,,Сум добил и по 200 илјади денари, но мислам дека не се исплати. Затоа што многу утакмици се местат заради обложувалниците."

,,Имам некои ситни добивки, затоа што секогаш те влече помислата дека ете следниот пат ќе добиеш повеќе."
Се обложувам за мали пари, но се обложувам редовно, скоро секоја недела

,,Во последно време не се исплати, бидејќи се случуваат наместени работи. Секогаш ќе се најде некоја екипа која ќе ти го уништи талонот."

Финасиските придобивки се поголеми за сопствениците и за државата, а многу помали за граѓаните што значи најмногу губат токму тие вели Змејковски.

,,Доколку се гледа ова и од аспект на добрите и на лошите страни кои што може да ги има, односно позитивното и негативното влијание, негативните влијанија кај граѓаните може да бидат многу поголеми, како губење на работните места, губење на материјалните добра, како и психолошко влијание на фамилијата, па дури и банкрот за поголемите зависници."

Проблемот е во тоа што играчите зависат од споствената среќа и знаење за спортот и тимовите на кои се обложуваат и затоа е тешко да се оствари добивка, додава тој.
Доколку се гледа ова и од аспект на добрите и на лошите страни кои што може да ги има, односно позитивното и негативното влијание, негативните влијанија кај граѓаните може да бидат многу поголеми, како губење на работните места, губење на материјалните добра


,,Самиот начин на кој што функционира овој порок да го наречам, односно ова кладење е во илузијата дека може да се оствари некоја добивка, затоа што обложувачите сами одлучуваат, типуваат за кои комбинации ќе ги вложат своите пари и нели и самата игра дава подобри услови за играње, во смисла на удобност при типување итн."

Најголем ќар имаат обложувалниците и државата која зима мал дел од профитот. Но тие не треба да се затворат, бидејќи тие вработуваат наши граѓани, кои од таа плата го прехрануваат своето семејство вели Карталов. Но, државата треба повеќе да го контролира нивниот бизнис, вели тој.

,,Добро е за економијата да има вработување во таа насока, но државата сепак треба да поведе сметка и за изворите за таа сопственичка структура, за каналите на контрола."

До крајот на оваа година се најавува и дека повторно со работа ќе започне државната лотарија. Лото, бинго, инстат лотарија и други видови на среќа ќе им бидат достапни на граѓаните пред новогодишните празници. На почетокот игрите на среќа ќе се финансираат со парите од продажбата на деловен простор вреден два милиони евра, кој е во сопственост на државната лотарија. Приходите ќе одат во буџетот на земјава, каде што парите ќе се определат за финансирање на општествено корисни и хумани цели. Дистрибуција на производите на лотарија ќе се врши во над триста места низ земјава. Има шанси и да се организира заедничко лото со соседните земји.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG