Достапни линкови

Милошоски очекува „ строго но праведно“


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска по средбата со неговиот холандски колега Максим Верхаген во Хаг изјави оти очекува Холандија во декември да биде меѓу земјите кои проактивно ќе ја дадат својата поддршка во Европскиот совет за политичка одлука за почекот на преговори за Македонија согласно со нивната девиза која гласи „строго, но, праведно“. Според Милошоски, Холандија високо ги оценила исполнувањата на политичките критериуми од Копенхаген од страна на Македонија.
XS
SM
MD
LG