Достапни линкови

logo-print

Неделен печат - Нокдаун по њујоршката рунда


Штанд со весници

Штанд со весници

Со ваков наслов неделникот ,,Сега" прави анализа во врска со македонско-грчките преговори околу спорот за името. И ,,Глобус,, објавува анализа околу горливата тема, грчко-македонските состојби со преговорите и седми декември, со наслов: ,,Грдиот одраз во искривеното огледало".

Со наднаслов: ,,Досие – крах на преговорите за името,, а со наслов ,,Македонија во нокдаун по њујоршката рунда,, неделникот ,,Сега,, во носечката анализа, покрај другото, пишува дека ,,драматичниот пресврт се должи на неодговорноста со која македонската влада ги протолкува последните позитивни сигнали од спротивната страна, на дилетантизмот со кој ја градиме нашата преговарачка позиција, уфрлајќи на агендата на преговорите прашања кои само го оптоваруваат процесот и ја влошуваат нашата позиција, како и на фактот дека Груевски повеќе сака да ,,преговара,, со Црвенковски, отколку со Грците,,. Оваа анализа е еден вид надополнување на уводникот на ,,Сега,, во кој пишува дека во овој момент за нашите национални интереси е мошне важно владата на Груевски да се одржи на власт, да функционира со полн капацитет и со недвосмислена и безусловна поддршка од опозицијата активно да ги продолжи преговорите со
Од неодамнешната средба на македонскиот и грчкиот премиер, Груевски и Папандреу
Грција. И ,,Глобус,, објавува анализа околу горливата тема – грчко-македонските состојби со преговорите и 7 декември, со наслов: ,,Грдиот одраз во искривеното огледало,, во која, покрај другото, пишува дека Македонија во моментов нема речиси никаква стратегија за името, освен, изветвените пароли и несмасните обиди да се ,,игра на кондиција,, и го цитира професорот Денко Малески дека моментот на вистината е дека Македонија е на меѓународен ќорсокак и дека излезот од него е – дома! Потребна е ревизија на политиката на владачките националисти, го цитира неделникот поранешниот министер за надворешни работи. Неделникот ,,Форум,, преговорите за името ги нарекува ,,сапуница,, и смета дека на Македонија и' е потребен драматичен, коперникански пресврт во меѓународната заедница и оти лелекањата дека Грција игра грубо и тврдо, и празните закани дека повторно ќе тужиме во Хаг ако има второ вето, или дека ќе ги прекинеме преговорите во ОН - ќе ни донесат само дополнителна штета. Ние мора да ја отвориме ,,игранката,, како што тоа го очекува меѓународната заедница, да излеземе со конструктивен предлог за компромис, па ако Грција биде тврда и непопустлива кон едно разумно решение, да започнеме силна дипломатска офанзива за да ја разобличиме дека, всушност, таа е кочничарот за изнаоѓање решение, пишува ,,Форум,,. ,,Фокус,, смета дека земјава може да извлече ќар од последните максималистички барања на Грција кои изгледаат многу лошо за нас, но, во истовреме, цитирам ,,му оставаат простор на Груевски од осум, горе-долу крастави жаби, да голтне само три-четири и повторно да се прикаже како победник во 'лутиот бој' со Грците,, завршен цитат. Наместо да крстари шашардисано од Софија до Лондон, барајќи поддршка за нашата евро-атлантска интеграција, Груевски треба да го послуша шведскиот министер Билт и да седне директно да преговара со Папандреу, смета неделникот ,,Фокус,,.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG