Достапни линкови

logo-print

Балканците со надеж гледаат кон ЕУ


Луѓето од Западен Балкан во членството на нивните земји во ЕУ гледаат решение на проблемите, како што се нискиот животен стандард и поголема безбедност. Покрај кризата низ која минува балканскиот регион и натаму преовладуваат силните проевропски чувства кај земите од овој регион, при што доколку денес би се одржал референдум за влез во Унијата, позитивно би гласале околу 70 отсто од вкупната популација, со исклучок на Хрватска. Тоа се заклучоците од истражување на „Балкан Галуп Монитор“ спроведено во септември врз основа на 1.000 испитаници од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.
Испитувањето на „Балкан Галуп“ покажува дека стравот од оружен конфликт во регионот што евентуално би се случил во следните пет години е најголем во Македонија, а следат Србија, Хрватска и БиХ. Сепак, овој страв меѓу Македонците е во континуиран пад од 2006 година наваму.
Според анкетата, во Македонија две петтини од Македонците и македонските Албанци, сметаат дека односите меѓу овие две етнички групи се подобриле во изминатите години, додека 20 отсто од етничките Албанци и 11 отсто од Македонците имаат спротивно мислење.
XS
SM
MD
LG