Достапни линкови

logo-print

Иванов му честиташе на Ромпуе


Македонскиот Претседател Ѓорге Иванов по повод изборот на функцијата Претседател на Европскиот Совет упати честитка до Херман ван Ромпуе. Иванов вели дека го радувал фактот дека Првиот Претседател на ЕУ, како еден од неговите приоритети е натамошно проширување на ЕУ. Република Македонија, се вели меѓу другото, во писмото, посветено ги исполнуваше обврските и постигна прогрес, кој неодамна беше валоризиран од страна на Европската Комисија. –„Ја користам оваа пригода да го изразам моето очекување дека на претстојниот Самит на ЕУ, таквиот прогрес ќе биде потврден со добивање почеток на пристапните преговори“, се вели во честитката на Претседателот на Република Македонија до Херман ван Ромпуе, кој вчера е избран за Претседател на Европскиот Совет на ЕУ.
XS
SM
MD
LG