Достапни линкови

Нема конечен одговор од Иран, изјави Барадеи


Шефот на Меѓународната Агенеција за Атомска Енергија, Мухамед Ел Барадеи изјави денеска во Берлин дека Иран сеуште не дал конечен одговор на предлогот во врска со збогатувањето ураниум. Тој изрази надеж дека сеуште е можен договор со Иран до крајот на годинава. Инаку, денеска во Брисел се одржува состанок меѓу претставници на Соединетите Држави, Велика Британија, Франција, Германија, Кина и Русија за иранската нуклеарна програма и за можните наредни чекори.
XS
SM
MD
LG