Достапни линкови

Корист или штета за општините?


Градилиште
Градилиште

Дел од градоначалниците, во зависност од партиската припадност, сметаат дека со продажбата на државно земјиште се оштетуваат општините, додека дел сметаат дека продажбата е во нивна полза.

Продажбата на државното земјиште од страна на државата ни штети на општините велат некои од градоначалниците. Други пак сметаат дека тоа е во нивен интерес, бидејќи им се полни буџетот. Од 2006 година па се до 2008 од продажба на државното земјиште се собрале околу четириесет милиони евра според Министерството за транспорт и врски. Додека пак од јануари до септември оваа година се огласени за продажба повеќе од 350 илјади квадратни метри државно земјиште во дваесетина општини низ земјава. Со измените во законот за градежно земјиште пред една година се донесе одлука осумдест проценти од парите од продажбата да се доделат на општините, а дваесет на државата. Ако сакаме да имамаме вистински локален економски развој ние мора да имаме земјиште на располагање, а не државата да ни го продава вели градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски.

„Ако општината нема земјиште, таа не може да влијае на локалниот економски развој, јас ќе ви кажам пример во Карпош, ние веќе година и пол имаме донесено урбанистички план позади Зајчев Рид, значи цела една населба да се гради. Прашувам до ден денеска, зошто населбата не се гради?“

Ние ги изработуваме урбанистичките планови, ние ја градиме и инфраструктурата, тогаш треба и државното земјиште да премине во наша сопственост за да можеме да инвестираме во него и да станеме поуспешни вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерку.

„Тоа ќе направи еден чекор напред, во поглед на привлекување инвестиции и во поглед на менаџирање со градежното земјиште многу подобро од државните институции, поточно од Министерството за транспорт и врски.“

За разлика од претходните години голем дел од парите од продажбата на земјиштето одат во рацете на општините, што значи дека во нивна корист е да се продаде, што повеќе вели градоначалникот на Прилеп Маријан Ристевски.

„Интерес е на самите општини што повеќе да издејствуваат продажба на државно градежно земјиште, бидејќи голем дел од тие средства влегуваат во буџетот и понатаму можеме да ги употребиме за други програми во интерес на граѓаните на општината.“

Од први јануари наредната година има најави дека Министерството за транспорт и врски ќе се започне со постапка на преминување на државното земјиште од државна во општинска сопственост.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG