Достапни линкови

Навредлива политичка реторика


Лидерите на најголемите политички партии на средба
Лидерите на најголемите политички партии на средба

Домашните аналитичари оценуваат дека етикетирањата и навредливата политичка комуникација е одраз на некултурата на домашните субјекти и обид за свртување на вниманието во отсуство на решенија за вистинските проблеми

Навредливата реторика во политичката комуникација не е ништо ново во Македонија и не значи намалување на демократаските капацитети, туку одраз на некултурата на политичките субјекти, велат дел од домашните аналитичари. Програмскиот директор на
Во политичкиот живот во Македонија се повеќе зазема место хулиганството, односно хулиганското изразување на политичарите
Асоцијацијата за демократски иницијативи, Љуљзим Хазири вели дека политичарите не внимаваат на речникот, но од друга страна и граѓаните малку реагираат на ваквата реторика.

„Во политичкиот живот во Македонија се повеќе зазема место хулиганството, односно хулиганското изразување на политичарите. Можеби ова ниво на политичка некултура е и одраз на нивото на членството, од причина што веќе 20 години ги слушаме истите зборови, истата семантика итн.“

Прво беа бугарофили и србокомуњари. Двете најголеми политички партии долго време ги користеа овие квалификации за меѓусебно да се дискредитираат. Се чини дека по грчкото вето во Букурешт дијапазонот на навреди и оцрнувања се прошири. Па така македонската јавност стана сведок на предавници, патриоти, грчки платеници, соросоиди, антиквизатори, црквењаци и клерофашисти...
Нема јас не сум со вас, не сум со никого, или си со нас или против нас


Деновиве, навредите кон политичките неистомисленици кулминираа со писмото што премиерот Никола Груевски го упати до членството на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од аналитичарите оценуваат дека писмото кое повикува на финална битка до исчезнување на транзициските политичари е со воинствена реторика и е на границата на говор на омраза.
Премиерот Груевски, пак, во интервју за Си-Ен-Ен рече дека писмото е повик за луѓето да им се придружат на прогресивните сили во Македонија. Политикологот Владимир Божиновски вели дека острата реторика не е ништо ново.
Тоа свртува внимание од проблемот, немаат капацитети за решавање на проблемите, па се впуштаат во етикетирање на другите

„Секогаш преку поострата реторика се обидува да се наметне исклучивост, односно поделеност на самите граѓани кон едни или други. Значи, нема јас не сум со вас, не сум со никого, или си со нас или против нас.“

И Хазири гледа на острата реторика само како дел од политичката пропаганда.

„Мислам дека со ваков вокабулар нив не им е до националниот интерес, туку како да бидат што поатрактивни кај нивното членство.“

Тој вели дека политичарите ја кријат својата неспособност зад навредите кон противниците.

„Тоа свртува внимание од проблемот, немаат капацитети за решавање на проблемите, па се впуштаат во етикетирање на другите.“

Божиновски вели дека слична реторика употребуваат и партиите во западна Европа. Проблемот е што нашето општество е премногу политизирано, вели Божиновски.

„Токму затоа проблемот околу реториката на партиите се мултиплицира.“

Политизираноста на општеството и осетливоста на граѓаните на ваквите навреди може да се намали само со економски развој. Граѓаните што имаат пари нема толку да обрнуваат внимание на политичките пресметки, заклучуваат тие.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG