Достапни линкови

Има надеж за договор со Иран, смета ел Барадеј


Шефот на Агенцијата за Атомска Енергија на Обединетите Наци Мухамед ел Барадеј изрази надеж дека е можен договор со Иран за нуклеарното гориво до крајот на оваа година. Барадеј ова го изјави во Берлин додека во Брисел денеска зад затворени врати се состануваат 6 те земји кои преговараа со Иран за контроверзната нуклеарна програма. До средбата доаѓа по најавата на американскиот претседател Барак Обама дека со сојузниците се готви пакет мерки против Иран, кој не го прифати договорот понуден од Обединетите Нации за збогатување на ураниумот надвор од Иран.
XS
SM
MD
LG