Достапни линкови

Белгискиот премиер прв претседател на ЕУ


Белгискиот премиер Херман Ван Рампуј, кој синоќа, на самитот на европските лидери е наименуван за прв претседател на Европската Унија, изјави дека е приврзаник на натамошно проширување на Унијата и нагласи дека новите земји ќе можат да станат членки на ЕУ под услов да ги исполнат неопходните критериуми. Актуелната европска комесарка за трговија Кетрин Ештон е наименувана за висок претставник на ЕУ за надворешни работи. Францускиот дипломат Пјер д Буазје е наименуван за Генерален секретар на Европскиот совет. Ова се трите клучни функции во ЕУ според Лисабонскиот договор за преуредување на Унијата, што треба да стапи во сила на 1 декември.
XS
SM
MD
LG