Достапни линкови

Протести на албанската опозиција


Албанската опозициска Социјалистичка партија денеска ги започнува најавените тродневни антивладини протести, кои, според најавите на опозицијата не е исклучено да продолжат и во текот на следната недела доколку добијат на масовност. Лидерот на Социјалистичката партија и актуелен градоначалник на Тирана, Еди Рама, вчера лично прошета низ албанскиот главен град делејќи покани за денешниот протест. „Граѓаните имаат силна причина да протестираат против семејството на Сали Бериша, кој ја доведе земјата на врвот на корупцијата, по Руанда и Уганда“, нагласи Рама. Опозицијата бара пребројување на гласачките ливчиња „за да се потврди манипулацијата што власта ја направила со волјата на електоратот“.
XS
SM
MD
LG