Достапни линкови

logo-print

Шпанија ќе донира пари за храна за Африка


Од ОН соопштиле денеска дека Шпанија ќе ја зголеми својата донација за Светската програма за храна. Предвидено е земјата да одвои 112 милиони долари за помош за источна Африка. Помошта ќе биде испратена во Кенија, Етиопија и Сомалија, земји кои беа погодени од временски непогоди , во време на светската економска криза поради кои организацијата за храна стравуваше дека нема да има помош за тие земји. Од Светската програма за храна во септември побараа 1 милијарда долари за храна за тој регион.
XS
SM
MD
LG