Достапни линкови

Карзаи ветил дека ќе се справува со проблемите


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во совојот инагуративен говор ветил дека ќе му служи на народот, ќе се бори против корупцијата и ќе се грижи за безбедноста во земјата. Тој изјавил дека авганистанките сили во наредните пет години полека ќе ја преземаат одговорноста за безбедноста во земјата од коалиционите сили. На инагурацијата присуствувале многу странски претставници, меѓу кои и американскиот државен секретар Хилари Клинтон и пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари. Западните сили позитивно го оцениле говорот на Карзаи.

XS
SM
MD
LG