Достапни линкови

Светските сили размислуваат за санкционирање на Иран


Претставници на шесте светски сили утре ќе се состанат во Брисел да разгледаат какви мерки би можело да применат против Иран, поради тоа што Техеран одби да ја прифати понудената програма за збогатување на ураниум. Во групата која преговараше со Иран, се претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Русија, Кина и Германија. Иран вчера објави дека нема да праќа ураниум во странство на дозборатување за понатамошните потреби на земјата. По соопштувањето на веста, американскиот претседател Барак Обама изјавил дека со сојузниците веќе започнале да разговараат на кој начин да го санкционираат Иран
XS
SM
MD
LG