Достапни линкови

НАТО ја поздрави инагурацијата на Карзаи


Генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен изјавил дека инагурацијата на Хамид Карзаи за втор мандат е историски настан, но додал дека сепак Карзаи мора да се справи со корупцијата во политичките редови. Расмусен изјавил дека и конкретниот напредок во борбата против корупцијата ќе биде од голема важност и за самите Авганистанци и за меѓународната заедница . НАТО силите се во Авганистан осум години и помагаат во борбата против бунтовниците. Од наредната година коалиционите сили полека треба да им ја отстапуваат одговорноста за безбедноста на земјата на авганистанските сили.
XS
SM
MD
LG