Достапни линкови

Директни преговори со Грција?


Неодамнешната средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, Груевски и Папандреу
Неодамнешната средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, Груевски и Папандреу

Власта без јасен став, додека останатите партии го поддржуваат предлогот на шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт кој посочи дека се важни директни разговори за името меѓу Македонија и Грција, со техничка поддршка на ОН.

Неколку недели пред министерскиот состанок на којшто ќе се одлучува дали Македонија ќе добие датум за отпочнување преговори со Унијата, неколку дипломатски пораки упатуваат на тоа дека на Македонија и се сугерира да ги употреби сите можни начини да постигне приближување околу спорното прашање за името со соседна Грција, меѓу нив, не исклучувајќи ги преговорите под покровителство на ООН, да отпочне директни преговори со Атина. Мислам дека е важно двајцата премиери да разговараат директно, а потоа потребната
Можеби тоа ќе биде поттикот за да се изнајде поприфатливо решение. Подобро знаат премиерите на Македонија и на Грција што е прифатливо за интересите на граѓаните и на двете држави
техничка поддршка ќе ја обезбеди медијаторот на ООН изјави вчера во Брисел, министерот за надворешни работи на земјата претседавач со Унијата, Шведска, Карл Билт. Премиерот Груевски ја прифати поканата за разговор со грчкиот премиер кон крајот на минатиот месец, но македонскиот државниот врв до сега не излегол со иницијатива ниту јасен став околу тоа дали Македонија би влегла во директни преговори со грчката страна освен останувањето на ставот дека Македонија останува посветена на преговорите под покровителство на ООН. За коалициониот партнер во Владата, ДУИ ваквите предлози се сосема прифатливи и добиваат поддршка кај оваа партија.

,,Можеби тоа ќе биде поттикот за да се изнајде поприфатливо решение. Подобро знаат премиерите на Македонија и на Грција што е прифатливо за интересите на граѓаните и на двете држави."

Изјави Џевад Адеми од ДУИ.
Во најголемата опозициона партија СДСМ веќе излегоа со ставот дека е време за суштински преговори коишто не го исклучуваат нивното водење во рамките на ООН.
Тоа не значи дека мора само да има комуникација преку медијаторот Метју Нимиц и ОН. Секоја конструктивна комуникација, директна комуникација меѓу двете страни има можност да помогне

,,Мора да седнат оние кои што имаат мандат, директно да разговараат."

Вели Андреј Петров од СДСМ. Во овој момент тој не гледа волја да се отпочнат таквите преговори. Имер Селмани од Нова Демократија пак не гледа пречки да се иницираат такви средби и преговори и дека со оглед на важноста на прашањето првиот чекор треба да го повлече македонската страна.

,,Треба да инсистираат и да лобираат на највисоко ниво во Стејт Департментот, во Брисел, за да се забрзаат преговорите, за да има интензивни средби и мислам дека тогаш ќе бидеме далеку поблиску да ги срушиме предрасудите, да излеземе од нашите ровови."

Неодамна известувачот за Македонија во ЕП Зоран Талер излезе со идејата за директни преговори меѓу Скопје и Атина. И дипломатски претставници во земјава ја поддржуваат идејата.

,,Тоа не значи дека мора само да има комуникација преку медијаторот Метју Нимиц и ОН. Секоја конструктивна комуникација, директна комуникација меѓу двете страни има можност да помогне."

Изјави во интервју за Радио Слободна Европа британскиот амбасадор во РМ Ендру Ки.
XS
SM
MD
LG