Достапни линкови

Во Русија и натаму без смртна казна


Рускиот Уставен суд денеска донесе одлука дека смртната казна веќе не може да се применува во Русија. Претседателот на Судот Валери Зоркин изјави дека истекот на мораториумот на смртната казна во јануари идната година не значи и дека оваа казна ќе се применува повторно. Тој додаде дека Русија има потпишано неколку меѓународни протоколи за забрана на смртната казна. Русија објави мораториум на смртната казна, кога му се приклучи на Советот на Европа во 1996 година.
XS
SM
MD
LG