Достапни линкови

Македонска делегација на погребот на српскиот патријарх Павле


Македонска државна и црковна делегација присуствува на денешниот погреб на поглаварот на Српската православна црква, патријархот Павле. Државната делегација ја предводи претседателот Ѓорге Иванов, придружуван од вицепремиерот Владимир Пешевски. Во црковната делегација се поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан и владиците Петар, Тимотеј и Климент. Кабинетот на македонскиот претседател најави дека, по погребната церемонија, Ѓорге Иванов ќе имал средба со српскиот претседател Борис Тадиќ.
XS
SM
MD
LG