Достапни линкови

Ќе заседава комисијата за пандемиски грип, по првиот смртен случај


Комисијата за пандемиски грип денеска треба да одржи состанок по кој ќе бидат соопштени детали за случајот на 32- годишниот пациент кој е е првата жртва на новиот грип А (Х1Н1) во Македонија и кој во вторникот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести со висока температура и отежнато дишење. Министерот за здравство Бујар Османи синоќа изјави дека пациентот починал доцна попладнето а на Клиниката бил примен претходниот ден со тешка клиничка слика. На Инфективната клиника, со потешка форма на пневмонија има уште еден пациент, жена родена 1954 година, која има хронична срцева слабост. Во моментот на Клиниката се задржани вкупно 29 пациенти. Министерот Османи напомена дека системот останува максимално посветен и ангажиран да ги елиминира сите последици од, како што рече, оваа неизбежна пандемија
XS
SM
MD
LG