Достапни линкови

Груевски денеска во Ирска


Македонскиот премиер Никола Груевски, кој доцна синоќа го заврши дводневниот престој во Обединетотo кралство, од Лондон замина за Даблин, во посета на Република Ирска. Тој синоќа го посети британскиот Парламент каде што се сретна и разговараше со спикерот на Долниот дом Џон Беркоу, како и со група парламентарци. И на двете средби добиена е силна поддршка за европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија. Премиерот Груевски уште еднаш ја реафирмира позицијата за тоа дека Македонија ќе продолжи да работи напорно за да се изнајде решение за спорот со Грција.
XS
SM
MD
LG