Достапни линкови

БМВ автомобилски спонзор на ОИ во Лондон


Германскиот производител на автомобили БМВ денеска стана официјалниот автомобилски спонзор на Олимписките игри кои треба да се одржат во 2012-та во Лондон. Се проценува дека договорот е вреден повеќе од 40 милиони фунти. БМВ треба да обезбеди 4.000 возила за транспорт на спортистите, функционерите и другите челенови на олимписката заедница. Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Жак Рог низ Лондон за време на игрите ќе се шета со Ролс Ројс.

XS
SM
MD
LG